За МИА
ГЕНЕРАЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Македонската Информативна Агенција (МИА) е јавен информативен сервис, од редот на новинските агенции што настојуваат да ги задоволат професионалните стандарди во сферата на нејзината функција – секојдневно континуирано регистрирање настани и појави и продукција и емитување вести и други прес- информации и материјали.
МИА 24 часа емитува вести на македонски, на албански и на англиски јазик. Го сервисира целиот информативен простор - печатените и електронските медиуми во земјата и медиумите на македонски јазик во странство, државните органи и институции, македонските амбасади, и други странски организации, институции, мисии...
МИА произведува и специјални тематски потсервиси и дневни и неделни билтени. МИА, исто така, продуцира Фото-сервис и Фоно-сервис што се достапни преку веб-страницата на Агенцијата.
МИА ангажира педесетина новинари за вести и новинари-репортери во редакцијата и триесетина новинари-дописници од Македонија и од странство
Во почетокот на 1998 владата донесе одлука МИА да се активира и да профункционира, како јавно претпријатие.
МИА, редовната продукција на вести, како јавен информативен сервис, ја започна на 30 септември 1998 година. Во почетокот тоа беа вести и извештаи на македонски и англиски јазик. Во мај 1999 година во МИА е формирана Албанска редакција и од тогаш Агенцијата има редовни сервиси на албански јазик. Денес МИА секој ден до своите корисници, од сите сервиси и потсервиси емитува од 300 до 350 артикли, што на месечно ниво изнесува околу 9.750 артикли.
МИА се здоби со значаен авторитет на веродостоен извор на информации од Македонија. Големите светски агенции не ретко ја цитираат МИА како извор на информацијата, не само во времето на косовската криза во 1999 и безбедносната криза во 2001 година, туку и во ситуации кога се прават анализи и текстови за меѓународни политички и економски прашања поврзани со Македонија и регионот. Вестите на МИА од земјата и од странство станаа и останаа значаен дел на содржините на македонските печатени и електронски медиуми.
МИА со одлука на Владата на РМ, од април 2006 година, од јавно претпријатие се трансформираше во акционерско друштво со назив Македонска Информативна Агенција А.Д.
ОРГАНИЗАЦИОНА ПОСТАВЕНОСТ И СТРУКТУРА НА ВОДЕЊЕ
Според Статутот на А.Д. МИА, со МИА раководат Надзорен и Управен одбор. Петте членови на Надзорниот одбор ги именува Владата на Република Македонија, која има својство на Собрание на Друштвото. Претседателот на Управниот одбор е и генерален директор и главен и одговорен уредник на МИА, а него и членовите (4) на Управниот одбор (од вработените во МИА), ги избира Надзорниот одбор.
А.Д. МИА е организирана според општите принципи и стандарди кои важат за сите национални новински агенции. Во неа функционираат:
Директор и главен и одговорен уредник;
Редакција, во чии рамки функционираат: Внатрешна редакција – репортери за дневни настани во државата и Надворешна редакција - оддел за обработка на вести и информации од странство. Како посебен сектор функционираат сервисите на МИА на албански и на англиски јазик;
Техника и информатика, служба за техничка исправност и поддршка на електронската обработка и дистрибуција на содржините кои ги произведува МИА;
Фото и Фоно сервиси и
Логистика: служба за општи и административни работи и служба за комерција и маркетинг.
МЕЃУНАРОДНА АКТИВНОСТ И РАЗМЕНА
МИА е членка и на Светскиот конгрес на новински агенции - NAWC и на АБНА - Асоцијацијата на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа и на Црноморската асоцијација на национални новински агенции – BSANNA.
МИА исто така е и дел на информативните пулови на: РОМПРЕС (Романија), БТА (Бугарија), АТА (Албанија), ТАНЈУГ (Србија), МИНА (Црна Гора), ФЕНА и СРНА (БиХ), СТА (Словенија), ХИНА (Хрватска), АНА-МПА (Грција), АНАДОЛИЈА (Турција), АПА (Австрија), ЕФЕ (Шпанија)...
МИА соработува и со големите новински агенции - француската ФРАНС ПРЕС, кинеската ХСИНХУА, иранската ИРНА, британскиот јавен сервис Би-Би-Си, германската ДПА, руската ИТАР-ТАСС, а сервисите на МИА ги користат и светските информативни сервиси ДОЈЧЕ ВЕЛЕ, СЛОБОДНА ЕВРОПА, ГЛАСОТ НА АМЕРИКА...
КОНТАКТ
адреса: Бојмија К-2, 1000 Скопје
п. фах: 4
тел.: 00 389 2 2461600
факс: 00 389 2 2464048
е-пошта: mia@mia.mk
интернет: http://www.mia.mk
Надзорен одбор
Надзорниот одбор на МИА е именуван со Одлука на Владата на Република Македонија, во следниот состав:
Александра Мицоска-Митевска, член
Лилјана Капевска, член
Татјана Поповска, независен член
Управен одбор:
Драган Антоновски, Претседател на Управен одбор и генерален директор
Габриела Точко, член на Управен одбор задолжена за генералниот сервис на вести
Шерибан Клокочи, член на Управен одбор задолжена за сервисите на други јазици
Сања Андреевска, член на Управен одбор задолжена за техника и технологија
Марјан Танушевски, член на Управен одбор задолжен за финансиски и правни работи
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...