Реал почна преговори со Конте
- четврток, 18 октомври 2018 08:03
Рим, 18 октомври 2018 (МИА) - Реал Мадрид го контактираше поранешниот тренер на Јувентус и Челзи, Антонио Конте, објави „Кориере дело Спорт“. Сегашниот предводник на „кралскиот клуб“, Јулен Лопетеги, е на прагот на отпуштање по серијата од четири натпревари без победа.
Италијанскиот фудбалски стручњак беше отпуштен од лондонскиот клуб на 12 јули 2018 година. За предвремен раскин на договорот тој бара 10 милиони евра.
Под раководство на 49 годишниот Конте, Јувентус трипати стана шампион на Италија, а Челзи го освои англиското првенство и Купот на оваа земја.
Лопетеги е во Реал Мадрид од 14 јуни 2018 година, склучувајќи тригодишен договор. Се шпекулира дека тој ќе биде отпуштен доколку биде поразен од Барселона во десеттото коло од Ла Лига. зс/08:03
###
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...