ИД во Сирија држи како заложници повеќе од 700 луѓе
- четврток, 18 октомври 2018 07:40
Дамаск, 18 октомври 2018 (МИА) - Терористичката група Исламска држава (ИД) држи како заложници повеќе од 700 луѓе во сирискиот регион Деир ез Зор.
Меѓу нив има и државјани на земји од западна Европа и други држави, соопштија воени дипломатски извори.
Според истите извори, терористите нападнале бегалски камп во област под контрола на коалициските сили, предводени од САД.
- Екстремистите на ИД на 13 октомври извршија напад врз бегалски камп кој се наоѓа во близина на местото Ал Бахра. Тие земале заложници и пренеле околу 130 арапски семејства во градот Хаџин, кој е под нивна контрола, тврди дипломатскиот извор. гт/07:40
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...