Трамп до Турција: Дајте ги снимките за Кашоги ако постојат
- четврток, 18 октомври 2018 07:32
Вашингтон, 18 октомври 2018 (МИА) - Aмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД побарале од Турција аудио и видео снимки во врска со исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги, „ако воопшто постојат“.
Истовремено Трамп ја нарече Саудиска Арабија важен сојузник истакнувајќи дека таа држава е голем купувач на американскиот воен извоз.
-Да, побаравме снимки... доколку постојат, рече Трамп пред новинарите додавајќи дека такви докази „најверојатно“ постојат.
Новинарот и колумнист на весникот „Вашингтон пост" Џамал Кашоги исчезна на 2 октомври откако влезе во Конзулатот во Истанбул.
Познат е како критичар на политиката што ја води актуелната власт на Саудиска Арабија, а го поддржуваше и весникот „Ал Ватан“, што претставува главна платформа на саудиските реформисти.
Во Турција е покрената истрага за неговото исчезнување.зш/07:30
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...