• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Во Неготино се врши обележување на хоризонталната сигнализација

Неготино, 19 октомври 2018 (МИА) - Со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, како на моторизираните граѓани, така и на пешаците, општина Неготино започна со обележување на хоризонталната сигнализација на повеќе локации во градот. 

- Според однапред утврдената динамика, обележувањето  се врши на двете главни улици во градот,  „Маршал Тито“ и „Партизанска“, потоа на улиците „Борис Кидрич“ и „Фемо Кулаков“, пред училиштата и градинките, во централното градско подрачје и на други раскрсници, информираше портпаролот на општината, Методи Митрев. 

Тој апелираше до моторизираните граѓани за внимателно возење и почитување на поставените знаци при обележувањето на хоризонталната сигнализација. свд/дма/10:10

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ