• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Викендов електронско аплицирање за ЕКМТ-дозволи

Викендов електронско аплицирање за ЕКМТ-дозволи

Скопје, 10 октомври 2018 (МИА) - Годишното аплицирање по електронски пат за распределба на ЕКМТ-дозволи за 2019 година и изготвување листа на превозници и резервирани поединечни транспортни дозволи за превоз на стоки за 2019 година ќе се врши од сабота, 13 октомври, во 0:00 часот до понеделник, 15 октомври, во 23:59:00 часот, информира Министерството за транспорт и врски.

- Трговските друштва што имаат важечки лиценци за меѓународен јавен превоз на стоки (за ЕКМТ-дозволи и поединечни транспортни дозволи-резервација) и трговските друштва што имаат лиценца за превоз на стока за сопствени потреби (за поединечни транспортни дозволи-резервација), аплицирањето можат да го направат на интернет-страницата www.dozvoli-mtc.gov.mk, соопшти Министерството. вј/са/10:49

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ