• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Мерачи на брзина на возење кај пет училишта во Скопје

Мерачи на брзина на возење кај пет училишта во Скопје

Скопје, 19 септември 2018 (МИА) -  Дигитални мерачи на брзина ќе бидат поставени  во близина на пет средни училишта во Скопје. Целта е зголемување на свесноста на возачите и поголема безбедност во сообраќајот.

Град Скопје ги доби мерачите како донација од компанијата Сава осигурување ад Скопје. Донацијата на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов  ќе му ја предаде генералниот директор на Сава Осигурување ад Скопје, Петер Скварча.

Мерачите ќе бидат поставени кај гимназијата „Јосип Броз Тито“, медицнското училиште „Панче Караѓозов“, ГУЦ „Здравко Цветковски, хемиското „Марија Кири Склодовска“ и АСУЦ „Боро Петрушевски. лв/са/07:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ