• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Регионален состанок во АЕК за поевтинување на роамингот

Регионален состанок во АЕК за поевтинување на роамингот

Скопје, 18 септември 2018 (МИА) - Во Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) денеска ќе се одржи работен состанок со претставници од регулаторните тела за електронски комуникации од Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.

- Посебен фокус  ќе биде посветен на резултатите од досегашните активности за роаминг услугите како и следните чекори кои што ќе се преземат за поевтинување на роаминг и меѓународните разговори, најави АЕК.

Целта, укажуваат, е да продолжи соработката, размената на информации и натамошните мерки со цел корисниците на електронски комуникациски услуги од овие четири држави да можат да ги користат услугите по поповолни услови и цени.

Досегашните преземени активности на националните регулаторни тела од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија придонесоа за намалување на цените во роаминг на повиците за 83,5 проценти, на СМС за 70 проценти и на интернетот за 94,4 проценти за корисниците на електронски комуникациски услуги во овие држави од 2014 година досега.лв/са/13:58

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ