• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Сообраќајот се одвива по суви коловози, прекин на патот Виница - село Бигла - Делчево

Сообраќајот се одвива по суви коловози, прекин на патот Виница - село Бигла - Делчево

Скопје, 16 септември 2018 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Денес од 10:00 до 16:00 часот регионалниот пат Р2345 Виница - село Бигла - Делчево, во делот на село Драгобраста и село Трстија, ќе биде во прекин во двата правци, поради изведување градежни работи.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. ев/08:27

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ