• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 19 октомври 2018 (МИА) - Ноќеска на полноќ во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата „Париска“ и улицата „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблици управувано од П.Ѓ. (19) од Скопје изгубило контрола и се превртелo.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот  П.Ѓ., а со телесни повреди се здобил сопатникот А.Д. (18) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот. 

Во битолската полиција синоќа околу 19 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата со улицата „Прилепска“ и улицата „Борис Баестро“ патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со битолски регистерски таблици управувано од Ц.М.(59) од Битола удрило во пешак Т.С.(76) од Битола.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Клиничката болница во Битола. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Битола и се работи на целосно расчистување на случајот.

Вчера околу пладне било пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-Кичево, во непосредна близина на Мавровската крстосница, товарно возило „Фиат ивеко“ со битолски регистерски таблици, управувано од А.П.(30) с.Новаци-битолско, а кое превезувало 200 овци, загубило контрола и излетало од коловоз, при што се превртела неговата приколка.

Во незгодата со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото Р.Р.(50) од Битола, а настрадале 68 овци. По овластување на Јавен обвинтел, увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.

Во Полициското одделение Арачиново С.Ќ. вчера пријавил дека во село Грушино имало пожар каде горела сува трева и дабови ниски дрва.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат.

Во Полициската станица Чаир Т.М.М. (48) од Скопје вчера попладнето пријавила дека на 17 септември годинава од куќата на пријавителката во непознат правец се оддалечила 15-годишна малолетничка.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето. сст/10:21

###

 

.

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ