• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 октомври 2018 (МИА) - Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера лицето М.М.(32) пријавило дека истиот ден околу 22.40 часот во казино, лоцирано во Трговскиот центар Лептокарија, додека играл на рулет апаратот, бил физички нападнат од страна на две непознати лица. Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Вчера во 17.20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Љубљанска“ бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Ф.В.(18), С.В.(30) од една страна и Б.Х.(45) и И.Ѓ.(23) од друга страна. Б.Х. се здобил со телесни повреди констатирани од страна на лекар од Градската општа болница „8-ми Септември“. До нарушувањето на јавниот ред и мир дошло поради претходна вербална расправија околу давање првенство на минување во сообраќајот. Се работи на расчистување на случајот.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Тодор Чангов“ во двор бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу лицата С.С.(26), Д.А.(25) од една страна и лицата Т.Д.(48) и Е.Д.(45) од друга страна. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. см/ев/16:31

###

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ