• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 18 октомври 2018 (МИА) - Вчера во 17,30 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста “Воденица“ полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.

Како што информираат од МВР, извршен бил увид на местото на настанот, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.
 
Вчера околу 19,00 часот од слобода бил лишен Д.З. (35) од Тетово поради тоа што при претрес на неговиот дом реализиран со судска наредба пронајдена била марихуана, кокаин и екстази. Д.З. бил задржан во полициска станица и против истиот ќе следи соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.А. (40) од село Бузалково-велешко, Ј.З. (45)  од село Кочилари-Градско и Ф.И.(35) од село Радолишта-струшко поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело “разбојништво“. Имено на  27.08. годинава во 14,20 часот во Струга на улицата “Битолски Конгрес“ пријавените со употреба на физичка сила и спреј - солзавец извршиле разбојништво над  Д.З.(26) од Прилеп, при што му одзеле ранец во кој имало 8.800.000 денари, а потоа со патничко возило „Фолксваген Голф 3“ заминале во непознат правец.

Вчера околу 13,00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Христо Татарчев“, во близина на автобуска постојка, непознат сторител со употреба на физичка сила и штрафцигер, со кој и нанел повреди, извршил разбојништво над Е.К. (37) од Скопје, по што од чантата и одзел две шишиња „Метадон“ и 1.600 денари. Откако Е.К повикала помош, сторителот го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
                                       
Од наплатна рампа „Градско“, вчера околу 4:00 часот на полициските службеници од Полициската станица Неготино им било пријавено дека во близина на објектот на новата наплатна рампа, непознати лица барале помош. По преземени мерки на местото на настанот биле пронајдени И.Р. (36) и С.Р. (20), двајцата од Велес, потоа патничко возило „Митцибуши“ и четири лица, мигранти од Иран, кои изјавиле дека биле превезувани во наведеното возило, управувано од И.Р. Поради недоразбирање со двете лица од Велес, мигрантите им го одзеле клучот од возилото и настанала вербална расправија. И.Р и С.Р. биле приведени во полициската станица Неготино, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци Скопје и Прифатниот центар „Винојуг“ Гевгелија за понатамошна постапка. аа/15:07

###




Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ