• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Коски пронајдени кај охридското село Рамне, полицијата врши увид поради сомневање дека се работи за човечки остатоци

Коски пронајдени кај охридското село Рамне, полицијата врши увид поради сомневање дека се работи за човечки остатоци

Охрид, 18 октомври 2018 (МИА) – Во Секторот за внатрешни работи од Охрид вчера било пријавено дека во месноста „Лозја“ во атарот на охридското село Рамне биле забележани коски што наликувале на човечки остатоци.

Екипа на охридската полиција по овластување на Јавен обвинител веднаш излегла на терен и извршила увид на лице место. Преземени се активности за расветлување на настанот, а ДНК-анализите и истрагата ќе утврдат дали станува збор за човечки остатоци. аб/цр/10:53

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ