• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Состанок на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со оружје во Западен Балкан

Состанок на француско-германската иницијатива за координација на донатори во врска со нелегалната трговија со оружје во Западен Балкан

Скопје, 18 октомври 2018 (МИА) - Француско-германската координативна иницијатива денеска ќе одржи локален координативен состанок за донатори во Скопје.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ќе одржи воведно излагање, а на состанокот ќе присуствуваат и експерти од Министерство за надворешни работи.

Франција е ко-домаќин, а ќе ја застапува Жан-Клод Брине, амбасадор за транснационални криминални закани и борба против недозволена трговија со МЛО при француското Министерство за Европа и Надворешни работи. Ко-домаќин е и Германија која ќе ја застапува Маркус Блеинрот, директор за контрола на конвенционалното оружје при германското Министерство за надворешни работи.

На 11 декември, Франција ќе биде домаќин на конференција на високо ниво во Паризза да се разгледаат резултатите од донаторските координативни состаноци, да се презентираат локалните акциони планови за имплементација на Регионалниот план и да се идентификуваат донаторските придонеси за негово финансирање.

Кон крајот на 2019 година, Германија ќе биде домаќин на мониторинг конференција во Берлин, кога ќе се разгледа првата година од имплементацијата на Регионалниот план и на националните акциони планови. мч/са/07:38

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ