• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Ограбен таксист во Скопје

Ограбен таксист во Скопје

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Шеесетгодишен таксист вчера во полиција пријавил дека бил ограбен од две непознати лица.

Како што соопшти МВР, синоќа во 21.00 часот во СВР Скопје, С.К. (60) од Скопје пријавил дека непосредно пред јавувањето на ул. „Плачковица“ две непознати лица му извршиле разбојништво.

Сторителите, кои биле патници во неговото такси возило, со употреба на физичка сила и со закана по неговиот живот му одзеле 2.000 денари и побегнале.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. нд/сд/16:03

###

Фото: МИА архива

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ