• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Пукање во скопско Батинци, се преземаат мерки за пронаѓање на сторителот

Пукање во скопско Батинци, се преземаат мерки за пронаѓање на сторителот

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Во СВР Скопје вчера околу 12.25 часот Р.С. (36) од скопското село Батинци, пријавил дека во близина на гробиштата во село Батинци, додека се движел со неговото патничко возило „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, лицето М.Џ. од истото село пукало со огнено оружје кон него, по што побегнало.

МВР денеска соопшти дека Р.С. не се здобил со повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. цр/14:53

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ