• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Девојче повредено во автобус на ЈСП

Девојче повредено во автобус на ЈСП

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Десетгодишно девојче вчера се здобило со тешки телесни повреди при пад по скали во двокатен автобус број 3 на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје.

Како што соопшти МВР, настанот бил пријавен вчера во 11 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, а се случил на улица „Тодор Александров“.

- Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди, наведуваат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. вг/са/14:28

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ