• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - На 16.10.2018 година на крстосница од улица „Лука Геров“ и улица „Марк Твен“ во Скопје непознато возило управувано од непознат возач удрило во пешакот С.С.(58) од Пробиштип, по што побегнало од местото. Од ударот С.С. се здобил со тешки телесни повреди и со друго возило бил пренесен во градската општа болница „8-ми Септември“ каде му била укажана лекарска помош и бил задржан на понатамошно лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и возачот и за целосно расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година околу 14.00 часот на булевар „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово патничко возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, удрило во пешакот М.Б.(23) од Тетово. Од ударот пешакот се здобил со повреди и бил пренесен во тетовската клиничка болница каде му била укажана помош и бил задржан на понатамошно лекување. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

На 16.10.2018 година околу 11.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека 10-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во автобус број 3 на Јавното сообраќајо претпријатие на улица „Тодор Александров“. Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите. По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 16.10.2018 година во СВР Струмица било пријавено дека околу 18.30 часот кај место викано „Голаш“ над село Костурино, струмичко, К.М.(64) од село Костурино се превртел од трактор и починал на местото. Увид на местото извршила екипа од СВР Струмица и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2018 во Полициската станица Тетово било пријавено дека П.П.(33) село Сараќино, тетовско, околу 07.30 часот од возило „Голф“ со тетовски регистарски ознаки, со кое се движел низ селото, од пиштол испукал два куршуми кон Ќ.Е.(56) од истото село, кој одел пеш во близина на неговиот дом. После тоа, П.П. со возилото заминал од местото. Притоа, еден од куршумите го погодил Ќ.Е. во десната надколеница. По настанот, Ќ.Е. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во тетовската клиничка болница и бил задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. На местото била пронајдена една чаура калибар 7,65 милиметри, које била подигната за вештачење. Секторот за внатрешни работи Тетово презема мерки за пронаоѓање на П.П. и за целосно расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година околу 12.25 часот во СВР Скопје, Р.С.(36) од село Батинци, скопско, пријавил дека во близина на гробиштата во село Батинци, додека се движел со неговото патничко возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, лицето М.Џ. од село Батинци  пукало со огнено оружје кон него, по што побегнало. Р.С. не се здобил со повреди. Увид извршила екипа од СВР Скопје и на местото биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година во 12.50 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека во село Брждани, кичевско, имало лице кое било повредено при пад од дрво. Екипа од Итната медицинска помош констатирала лицето има повреди на главата и дека е без знаци на живот. Полициски службеници извршиле увид и било утврдено дека се работи за лицето Т.И.(58) од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

На 16.10.2018 година во 23.30 часот во Полициската станица Кисела Вода, С.Г.(27) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 17.00 часот пред ресторан на булевар „Србија“ физички бил нападнат од лице на кое му го знае идентитетот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година во Секторот за внатрешни работи Скопје, Б.М.(29) од Крива Паланка пријавил дека истиот ден околу 06.55 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на клучката Илинден, физички бил нападнат од две непознати лица. Според пријавата, додека Б.М. управувал патничко возило „Сеат“ во кое како сопатници биле Д.А.(28), Х.М.(19) и Д.М.(35), сите од Крива Паланка, пред него се движело патничко возило „Мерцедес“, а позади него патничко возило „Порше“. Б.М. со своето возило не успеал да се престрои на знак од возилото „Порше“, по што тоа удрило во задниот дел од неговото возило. Кога застанал од двете возила излегле непознатите лица и физички го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година во 22.30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје, Ф.А.Љ.(19) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22.00 часот на улица „Црногорска“ физички бил нападнат од три непознати лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година во 07.10 часот во канцелерија „Брза Пошта“ на булевар „Јане Сандански“ во Скопје епознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана со пиштол од вработената одзел 680.000 денари и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година во 21.00 часот во СВР Скопје, С.К.(60) од Скопје пријавил дека непосредно пред јавувањето на ул.„Плачковица“ две непознати лица му извршиле разбојништво. Сторителите, кои биле патници во неговото такси возило, со употреба на физичка сила и со закана по неговиот живот му одзеле 2.000 денари и побегнале. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот. 

На 17.10.2018 година околу 00.15 часот во спортска обложувалница на улица „Панче Поповски“ во Гостивар непознат сторител извршил разбојништво. Сторителот со закана од пиштол од вработениот одзел 15.810 денари и побегнал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителоти за расчистување на случајот.

На 16.10.2018 година во 20.00 часот во Полициското одделение Арачиново, Д.С.(44) од Скопје пријавил дека истиот ден во периодот од 19.00 до 20.00 часот, од залутан куршум од непознато оружје било оштетено задното ветробранско стакло од неговото патничко возило „Опел Фронтера“ со скопски регистарски ознаки. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против К.Б.(25) од село Велешта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „тешка кражба“. На 08.10.2018 година во 11.00 часот во просториите на „Меѓународен универзитет” во Струга пријавениот физички го нападнал А.К.(40) од Струга, професор на универзитетот , при што му одзел мобилен телефон. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М.(47) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба”. Во јули 2018 година во каменолом  сопственост на Н.У.(43) и К.Л.(46) во атарот на село Климештани, охридско, пријавениот со употреба на физичка сила влегол во управната зграда и одзел разни метални предмети, кои потоа ги продал во Охрид со што се стекнал со противправна имотна корист од 1.500.000 денари. вг/14:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ