• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Приведени двајца гостиварци кои попречувале полицајци на службена должност

Приведени двајца гостиварци кои попречувале полицајци на службена должност

Гостивар, 17 октомври 2018 (МИА) - Двајца гостиварци се лишени од слобода откако претходно се обиделе физички да нападнат полицајци кои вршеле контроли во сообраќајот.

Според информациите од СВР Тетово настанот се случил синоќа на улицата „Беличица“ околу два часот утрово.

При спроведувањето на редовни контролни активности, тројца полициски службеници запреле патничко возило „рено“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Џ.З. Набрзо потоа, од возилото излегле Е.А.(33) и С.И. (21) од Гостивар и почнале агресивно да се однесуваат. Во расправијата се обиделе и физички да се пресметаат со полицајците.

Двајцата насилници се лишени од слобода и задржани во Полициската станица Гостивар, до целосно расчистување на случајот. згм/цр/12:40

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ