• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Кривична пријава за скопјанец осомничен за разбојништво

Кривична пријава за скопјанец осомничен за разбојништво

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против С.П.(32) од Скопје, кој е осомничен дека извршил разбојништво во аптека и се стекнал со противправна имотна корист од околу 35.000  денари.

Пријавениот С.П., соопшти денеска МВР, на 3.10.2018 година околу 20:50 часот во аптека на улица „Лука Геров“ со закана со нож од вработената одзел 35.000 денари од касата, по што побегнал.

По преземени мерки и активности, С.П. бил лишен од слобода на 12.10.2018 година. Во разговор со полициски службеници пријавениот го признал делото, а ги посочил и местата каде што ги фрлил предметите кои ги носел на себе при вршењето на кривичното дело.

На 13.10.2018 година, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на пријавениот.  цр/дма/09:48

###

                                                     

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ