• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Кавадарчанец украл “југо” и предмети од пет други возила, лишен е од слобода

Кавадарчанец украл “југо” и предмети од пет други возила, лишен е од слобода

Кавадарци, 9 октомври 2018 (МИА) - Триесет и четиригодишниот кавадарчанец  Б.О. украл “ југо” и предмети од пет други возила, ноќта помеѓу 7 и 8 октомври, утрината бил пронајден и лишен од слобода, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава за сторените кривични дела. За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- На улицата  „Методи Џунов – Џикот“ во Кавадарци, извршени биле кражби од две товарни и три патнички возила и украден бил патнички автомобил со кавадаречки регистарски ознаки.

По преземени мерки и активности од страна на униформираните полициски службеници од ПС ОН Кавадарци, во раните утрински часови бил пронајден сторителот со украдените предмети, појасни Додевски.свд/скс/10:28

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ