• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 9 октомври 2018 (МИА) - Во кумановската полиција вчера утрото околу 07:00 часот било пријавено дека  на улицата „Тоде Думба“ во Куманово патничко моторно возило „Фолксваген голф“ со кумановски регистерски таблици, управувано од Н.Ѓ. (74) од Куманово, удрило во бетонски столб и метална ограда, потоа во паркирано патничко моторно возило „Сеат толедо“ со кумановски регистерски таблици, сопственост на Б.К. (37) и во пешак Т.А. (71) од Куманово.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Т.А. и Б.К., кои по укажаната лекарска помош во Општата болница во Куманово биле препратени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Н.Ѓ. се здобил со телесни повреди и укажана му била лекарска помош во Општата болница во Куманово. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.

На улицата улицата „Бајрам Шабани“ во Куманово каде се изведувале градежни работи за поставување на бекатон плочки, вчера околу 14:00 часот Џ.Ј. (46) од село Липково-кумановско, движејќи се наназад со товарно моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици го прегазил Ќ.А. (43) од село Отља, кој од здобиените повреди починал на местото на настанот.

Увид извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје Ѓ. Ѓ. вчера попладнето околу 17:00 часот пријавил дека  14:30 часот на улицата „Христо Татарчев“ од непознати причини во влезот од зградата кај струјомерите избил пожар, при што биле опожарени околу 30 броила.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат во 15:30 часот. 

Синоќа во 20:00 часот во Полициската станица Гази Баба С.А. (44) од Скопје пријавила дека на 1 октомври во непознат правец  се оддалечил А.Д. (67) од Скопје.

Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Синоќа во 18:30 часот во Полициската станица Прилеп дошла В. К. (29) од Прилеп, која од страна на нејзиниот сопруг на 07.10.2018 година била пријавена за исчезната. сст/09:54

###

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ