• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 8 октомври 2018 (МИА) - На регионалниот пат Мавровска крстосница-Маврови Анови вчера околу 14 часот, патничко возило „Голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од О.К. (80) од Гостивар, загубило контрола и излетало од коловозот.

Притоа, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.К. (74), исто така, од Гостивар. Таа била пренесена во болницата во Гостивар каде и била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.

Вчера околу 15.30 часот, З.А.(78) од село Чегране, гостиварско, додека менувал светилка на бандера од улично осветлување во селото Чегране, се лизнал од скалата и паднал на земја.

При падот З.А. се здобил со тешки телесни повреди, а по укажаната лекарска помош во гостиварската болница, итно бил префрлен на скопските клиники. Извршен бил увид и се преземаат мерки за рачистување на случајот.

Вчера околу пладне на улица „Брсјачка буна“ во Скопје додека Ф.А.(22) од Скопје се движел пеш, бил пресретнат од Ј.Б.(20), Е.Ј.(23) и А.А., при што Ј.Б. физички го нападнал Ф.А., удирајќи го со метална шипка во пределот на задната страна на главата.

Причина за нападот биле нарушени меѓусоседски односи. Ф.А. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е префрлен во Комплекс клиники „Мајка Тереза".  Б.Ј. е приведен во Полициска станица и се работи на расчистување на случајот.

Синоќа во 23,40 часот во Полициска станица Драчево, било пријавено дека во кафе бар на улица „Иван Хаџи Николов“ во Скопје имало пресметка во која учествувале повеќе лица.  Р.Е.(23) и Т.А.(21) двајцата од село Батинци, од една страна и од друга  страна сопственикот на кафе барот Д.С. , кој се здобил со тешки телесни повреди нанесени со нож.

Со тешки телесни повреди се здобил и А.П.. Двете повредени лица се пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза" за укажување на лекарска помош. Сторителите се приведени и задржани во полициска станица.

Синоќа во 21,00 часот во Полициска станица Чаир, Џ.А. (44) од село Танушевци, скопско, пријавил дека истиот ден околу 19,50 часот движејќи се со патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистарски ознаки на место викано „Рамно“, бил сопрен од двајца полициски службеници кои му рекле да го отвори багажникот.

Откако пријавителот не го сторил тоа, според пријавата, еден полициски службеник испукал еден истрел со пиштолот во воздух. Се работи на расчистување на случајот, а известен е и Одделот за внатрешна контрола при МВР.

Вчера околу 13,00 часот во Полициска станица Прилеп, Е.К.(37) од Прилеп пријавил дека неговата сопруга В.К.(29) со двете двомесечни деца се оддалечила во непознат правец на 6 октомври 2018 година околу 15,00 часот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Ноќта меѓу 6 и 7 октомври во Полициска станица, Н.Б. од Скопје пријавила дека додека седела во дневната соба слушнала кршење на  прозорско стакло од подрумската просторија. Таа, заедно  со нејзиниот син,  ја отвориле влезната врата од куќата за да видат што се случува и пред врата забележале две непознати машки лица, кои им одземале мобилен телефон и избегале. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Во болницата во Гостивар вчера околу 13 часот со прострелна рана од огнено оружје во десното стапало бил донесен Д.Н.(39) од Гостивар.

По укажаната лекарска помош, тој бил пренесен на скопските клиники. Д.Н., според пријавеното,  додека бил во заседа при лов, се ранил со ловечка пушка во атарот на селото Сретково. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера околу пладне во Полициската станица Гази Баба, Т.Л.(63) од Скопје прјиавил дека на 06.10.2018 година околу 18.00 часот на улица „Валандовска“ во населба Хиподором бил нападнат и каснат од куче на десната потколеница.

Синоќа во 21.45 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д. (23) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 18.20 часот на булевар „Видое Смилевски Бато" била нападната и касната од четири кучиња скитници за двете нозе. 

Вчера околу 15 часот на улица „Индира Ганди“  М.Ф. (68) од Скопје се обидел да  изврши полов напад врз осумгодишно девојче, но бил спречен од страна на случаен минувач. 

М.Ф..  е приведен во полициска станица.

Наворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Б. (33) од село Горно Седларце, тетовско поради основи на сомнение за сторено кривично дело ,,убиство во обид“.

На 20.08.2018 година околу 10,40 часот во Гостивар, во село Долна Бањица, пред домот на А.У.(54), неговиот зет за ќерка С.Б. од село Горно Седларце, тетовско, со пиштол пукал кон А.У. повредувајќи го во пределот на стомакот, по што А.У. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Наворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе  кривична пријава против Н.И. (34) од село Дебреше, гостиварско за сторено кривично дело „насилство“.

На 27.06.2018 година околу 03.,00 часот во казино во Гостивар по претходна вербална расправија, пријавениот, со нож, физички нападнал 57-годишно лице од Гостивар, при што му нанел телесна повреда во пределот на раката.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Ц.К.(25) од село Волкодери, ресенско за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење на работи на безбедноста“ и против Е.Б.(36), Џ.Ш. (31), С.К.(30) и О.Ф.(24), сите од Ресен за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 28.08.2018 година околу 03,15 часот пред ноќен клуб во Ресен при преземање мерки  во врска со нарушен јавен ред и мир, полициските службеници од Полициска станица Ресен биле, физички нападнати од Ц.К. од село Волкодери, а  додека истите го приведувале, четворицата пријавени физички ги нападнале полициските службеници, при што полицискиот службеник во знак на предупредување од службениот пиштол испукал проектил во воздух,

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.С. (40) од Кочани за  сторено кривично дело „неовластено производство и  пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 23.12.2017 година во Кочани  од страна на полициски службеници, при претрес  во домот на пријавениот била пронајдени марихуана. сст/14:31

###

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ