• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Плинска боца експлодирала додека неготинец печел ракија

Плинска боца експлодирала додека неготинец печел ракија

Неготино, 8 октомври 2018 (МИА) - На неготинец му експлодирала плинска боца додека печел ракија. За среќа, повредени нема.

Информацијата за МИА ја потврди командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев.

Тој посочи дека во тренд е да се употребуваат плински боци како извор на енергија при печење ракија и ги повика граѓаните да внимаваат при нивното користење. 

- Бидејќи е период кога масовно се пече ракија, апелираме до тиквешани да внимаваат и да нема отпаден материјал крај огништето за да се спречат евентуални пожари, изјави Илиев.

За деветте месеци од годинава, пожарникарите од Неготино имале вкупно 65 интервенции. Од нив, 27 биле на отворено и 20 во затворен простор. Се интервенирало и на пожари на 11 возила, а се гаснеле и четири контејнери. Пожарникарите извлекле и давеник од реката Вардар и интервенирале во случај со починато лице во шума. сдв/бак/13:22

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ