• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Битолчанец се повредил при пад со параглајдер

Битолчанец се повредил при пад со параглајдер

Скопје, 8 октомври 2018 (МИА) - Битолчанецот С.М. (47), кој летал со параглајдер, вчера се повредил откако паднал во близина на село Острилци, крушевско.  

Полицијата соопшти дека вчера околу 15:50 часот во Полициска станица Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден С.М.(47) од Битола кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

Од извршениот разговор со С.М. е констатирано дека со повредите се здобил истиот ден во Крушево каде полетал со параглајдер и паднал во близина на село Острилци, крушевско. ев/дма/10:07

###

ФОТО: МИА Архива 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ