• A-
  • A
  • A+
петок, 08 декември 2023, 

Најмалку три лица загинаа во експлозии во близина на избирачки места во Кабул

Кабул, 20 октомври 2018 (МИА) - Три лица загинаа, а околу 30 се повредени во неколку експлозии кои се случија денеска во близина на избирачките места во главниот град на Авганистан, соопштија локалните власти.

Министерството за внатрешни работи информира за околу 15 експлозии во земјата во близина на гласачките места.

Во Авганистан денеска се одржуваат парламентарни избори, освен во провинцијата Кандахар, каде гласањето е одложено за една седмица по убиството на локален полициски началник. ссм/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ