• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Мигранти ја пробија оградата на границата со Гватемала

Текун Уман, 20 октомври 2018 (МИА) - Караван со мигранти од централна Америка синоќа ја проби оградата на границата со Гватемала и тргна кон мексиканска територија, соопштија мексикански официјални лица.

Откако преминале на мексиканска страна преку мост, мигрантите се доближиле до полициска единица и 50-на од нив почнале да ги туркаат назад кон Гватемала, пред да употребат солзавец.

Преминот е повторно затворен и претставници на федералната полиција побараа од мигрантите „да престанат со агресијата“.

Мигрантите носеа знамиња на Хондурас и на границата со Мексикопристигнаа во раните утронски часови, барајќи од пограничните власти да ги пуштат. ссм/

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ