• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Српски медиумски здруженија: Вучиќ продолжува да ја загрозува безбедноста на новинарите и слободата на медиумите

Белград, 19 октомври 2018 (МИА) - Коалицијата на новинари и здруженија на медиуми денеска оцени дека последниот напад на српскиот претседател Александар Вучиќ на Телевизијата Н1 е продолжение на „жесток притисок од страна на властите врз професионални и  непослушни медиуми и новинари“.

Во соопштение на коалицијата се наведува дека Вучиќ го етикетирал, понижувал и напаѓал медиумот и неговите новинари, со што сосем свесно ја загрозува нивната безбедност, повторно претставувајќи се како „непријател на слободата на медиумите и слободата на изразување".

- Коалицијата на новинари и медиумски асоцијации ги поканува новинарите на меѓународна  солидарност и, во случај на слични инциденти во иднина - кога еден јавно ги напаѓа и ги омаловажува своите колеги - демонстративно да ги напуштат конференциите за печат и други јавни настани, односно да одбијат да известуваат од нив, се вели во соопштението.ир/зш/11:04

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ