• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Еквадор го протерува амбасадорот на Венецуела, бидејќи венецуелски министер го навреди еквадорскиот претседател

Кито, 19 октомври 2018 (МИА) - Еквадор соопшти дека ќе го протера амбасадорот на Венецуела, бидејќи венецуелски министер го навредил еквадорскиот претседател.

Министерството за надворешни работи појасни дека министерот за информациите на Венецуела Хорхе Родригез го нарекол претседателот на Еквадор Ленин Морено „лажго" поради неговата изјава дека секој ден во Еквадор пристигнуваат по 140 автобуси со мигранти од Венецуела.

Луѓе масовно бегаат од Венецуела, која е зафатена од колосална криза со недостиг на храна и лекови и колапс на комуналните услуги, како што се снабдување со електрична енергија и вода. Голем дел од меѓународната заедница за кризата ја обвинува власта на социјалистот Николас Мадуро. ссм/07:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ