• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Вашингтон објави награда за информација за лидерот на Ал Каеда

Вашингтон, 18 октомври 2018 (МИА) - Вашингтон објави награда од пет милиони долари за информација која ќе доведе до заробување на Халед Батарфи, лидер на Ал Каеда. 

Откако САД го призна Ерусалим за главен град на Израел, Батарфи повика на напади врз Американци и Евреи во целиот свет.

Саудиецот Батарфи ги поддржуваше авганистанските талибанци пред да стане еден од главните лидери на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров.

Американскиот Стејт департмент соопшти дека нуди награда од пет милиони долари на секој кој ќе ги одведе властите до Батарфи или ќе помогне за негово апсење.

Американската дипломатија ја удвои и наградата за фаќање на Касим ал Реми, шеф на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров, која сега изнесува 10 милиони долари. ссм/21:31

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ