• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Мнучин го откажа присуството на инвестициската конференција во Саудиска Арабија

Вашингтон, 18 октомври 2018 (МИА) - Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин денеска изјави дека нема да присуствува на инвестициската конференција во Саудиска Арабија закажана за следната недела, поради тоа што американската администрација се уште чека исход од истрагата за исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги.

Мнучин одлуката ја објави на Твитер по состанокот со американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, кој неодамна разговараше со највисоки претставници на Ријад и на Анкара.

- Се сретнав со Трамп и Помпео и одлучивме да не учествуваме на инвестицискиот самит во Саудиска Арабија, напиша Мнучин.

Саудиска Арабија соопшти дека планира да продолжи со организирањето на инвестициската конференција закажана за 23, 24 и 25 октомври, и покрај откажувањето присуство од страна на голем број компании, влади и медиуми по исчезнувањето на Кашоги.

Турција тврди дека Кашоги, колумнист во „Вашингтон пост“, кој го критикуваше саудискиот принц Мохамед бин Салман, е убиен од агенти во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул на 2 октомври.

Саудиска Арабија ги негира тие тврдења. паг/ми/20:44

###





Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ