• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Макрон: Не е вистина дека Франција се подготвува да воведе визи за Британците

Брисел,  18 октомври 2018 (МИА) - Францускиот претседател на Франција, Емануел Макрон денеска ги негираше наводите на британските медиуми дека Франција се подготвува да воведе визи за Британците во случај Европска унија и Велика Бритнија да не постигнат договор за Брегзит.

- Тоа е лажна вест, што би рекле некои лидери. Нема да воведеме визи, истакна Макрон во Брисел, каде се одржуваше Самит на лидерите на ЕУ за Брегзит, при што е договорено дека „27 лидери“ се подготвени повторно да се сретнат за да ги дефинираат условите за излегување на Велика Британија од европскиот блок штом биде постигнат напредок во преговорите.

- Во заклучоците се наведува дека не е доволен досегашниот напредок во преговорите и затоа не е планиран вонреден Самит за Брегзит во ноември, изјавија синоќа претставниците на ЕУ. ми/20:21

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ