• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Шефот на турската дипломатија во посета на Албанија

Тирана, 18 октомври 2018 (МИА) - Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу доцна попладнево допатува во официјална посета на Тирана, на покана на неговиот албански колега Дитмир Бушати. 

Официјалната средба меѓу двајцата минисгтри ќе се одржи утре претпладне во Министерството за надворешни работи, по што ќе биде организарна заедничка прес-конференција.

Според најавите, на средбата Бушати-Чавушоглу ќе стане збор за билатералните односи и прашања од вземен интерес, како и за актуелната состојба во регионот. вт/сп/19:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ