• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Акуведер: Европа ја очекува топла и сушна зима

Харисбург, 18 октомври 2018 (МИА) - Метеоролошкиот сервис Акуведер (AccuWeather) ја објави сезонската прогноза за Европа според која се очекува топла и сушна зима.

Според прогнозата на овој сервис, подрачјето на Балканот и Jугоисточна Европа го очекува натпросечно топла и сува зима.

- Исклучок ќе биде Грција, каде ќе има повремени продори на студен воздух и обилни дождови, пишува Акуведер.

Северна Европа оваа зима ја очекуваат силни бури со урагански ветрови и обилни врнежи. Во Обединетото Кралство и делови од Скандинавија постои опасност од поплави предизвикани поради бура, а најзагрозени подрачја се Кадиф, Манчестер, Белфаст и Глазгов.

Финска и Украина може да ги погоди сибирски антициклон што може да донесе сибирски студ.

На подрачјето на Германија и Франција, сепак, се очекуваат обилни дождови. Ризикот од силни бури ќе биде најголем во декември, додека од јануари до март се очекува мирно и пософистицирано време.

Од следната недела, Европа ќе ја зафати ладен воздух од Арктикот кој ќе доведе до промена на времето и пониски температури. паг/ми/20:42

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ