• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Младенов предупреди на опасност од нов конфликт во Појасот Газа

Њујорк, 18 октомври 2018 (МИА) - Претставникот на Обединетите нации за Блискиот Истокм Николај Младенов денеска го предупреди Советот за безбедност дека постои опасност од нов катастрофален конфликт во Појасот Газа.

- Газа е во процес на инвазија. Тоа не е претерување, не е паника, тоа е реалност, истакна Младенов преку виде- конференциска врска и додаде дека економијата е во „слободен пад“.

Според него, сите клучни показатели - хуманитарната состојба, економијата, безбедноста и политиката продолжуваат да се влошуваат.

- На граница сме на нов потенцијално катастрофален конфликт, но за да биде избегнат потребно е многу повеќе од зборови, додаде Младенов. паг/ми/19:32

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ