• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Албански брод спаси 73 мигранти во Егејското Море

Тирана, 18 октомври 2018 (МИА) - Бродот „Лисус“ на албанската Воена морнарица за кус временски рок учествувал во две одделни спасувачки операции во водите на Егејското Море, во кои се спасени 73 илегални мигранти .

Како што соопшти албанското Министерство за одбрана, во едната акција биле спасени 33 лица, од кои 19 мажи, шест жени и осум деца од Сирија, Ирак, Кувајт и палестинските територии.

- Постоела опасност моторниот чамец со кој се превезувале да потоне, бидејќи во него веќе била навлезена вода, која мигрантите ја исфрлале со предмети што ги поседувале. Албанскиот екипаж, со чамци помогнал во нивната евакуација и предавање на брод на Фронтекс, се наведува во соопштението на Министерството. 

Во втората акција, албанскиот брод спасил 40 илегални мигранти, чиј чамец бил забележан од турска поморска патрола. Спасените мигранти биле предадени на властите во турското пристаниште Чешме.

Според Министерството, во рамки на хуманата мисија за спасување на мигранти кои илегално се обидуваат да го преминат Егејското Море, вклучен е и бродот „Бутринти“. вт/сп/19:02

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ