• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Турската морнарица тврди дека спречила вознемирување од грчка фрегата во Медитеранот

Истанбул, 18 октомври 2018 (МИА) - Турската морнарица спречи грчка фрегата да малтретира турски брод во Средоземното Море, јави Анадолија, но без да соопшти други детали.

Турција, Грција и кипарската меѓународно признаена Влада на кипарски Грци одамна имаат спор околу јурисдикцијата за истражување нафта и гас во Средоземното Море.

Бродот Барбарос Хајредин Паша вршел сеизмички истражувачки активности, објави претходно Министерството за надворешни работи, дополнувајќи дека Турција ќе продолжи да ги остварува своите суверени права и надлежности над нејзиниот континентален гребен.

- Препорачуваме Грција да се воздржи од дела што би предизвикале ескалација во регионот, се вели во соопштението на Министерството.

Извор од грчкото Министерство за одбрана негира дека имало инцидент, но појасни дека Грците ја следеле активноста на Барбарос Хајредин Паша. ссм/19:14

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ