• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Санчез: Постигнат е договор за статусот на Гибралтар по Брегзит

Мадрид, 18 октомври 2018 (МИА) - Статусот на британската прекуморска територија Гибралтар по излегувањето на Велика Британија од Европска унија беше договорено со Лондон, изјави денеска премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

Тој додаде дека Шпанија и Велика Британија продолжуваат да водат одделни преговори за Гибралтар, пред се за екологија, даночно олеснување и трговијата со тутун.

- Гибралтар повеќе нема проблем да постигне договор за Брегзит, посочи Санчез.

Гибралтар ќе излезе од ЕУ заедно со Обединетото Кралство на 29 март следната година. Неговиот статус и статусот на двете суверени територии во Кипар, кој е земја-членка на Европска унија, ќе бидат дел од заедничкиот договор за излез на Велика Британија од ЕУ. ми/19:14

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ