• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Во Брисел почнува самит на држави на Европа и Азија

Брисел, 18 октомври 2018 (МИА) - Во Брисел вечерва почнува 12. самит на европски и азиски држави - Самит на Европа и Азија (АСЕМ), на кој ќе учествуваат претставници на 51 земја.

Станува збор за неколкудневен собир на кој лидерите ќе разменат мислења за соработката и заедничките предизвици во Европа и во Азија.

Главни теми ќе бидат политичката, економската, финансиската, социјалната и културолошката соработка.

Во рамки на собирот под назив „Глобални партнери за глобални предизвици“, лидерите ќе разговараат како Европа и Азија можат да соработуваат преку трите столба на АСЕМ - политичкиот, економскиот и финансискиот, како и општествениот и културолошкиот.

Останати теми за дискусија се и одржливиот развој и климата, како и безбедносните предизвици против тероризмот, кибер безбедноста и илегалната миграција.

На маргините на АСЕМ се очекува и потпишување билатерални договори, вклучувајќи ги и тие за слободна трговија, заштита на инвестициите, како и договори за партнерство и соработка со Сингапур.

Европската унија на самитот ќе ја пратставуваат претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, како и еврокомесарот за надвореша политика Федерика Могерини и потпретседателот на ЕК, Јурки Катаинен. паг/ми/18:39

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ