• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Косово: Уапсени пет лица за шверц со оружје

Приштина, 18 октомври 2018 (МИА) - Косовската полиција денеска соопшти дека по преземена обемна акција во регионот на Приштина и на Косовска Митровица, уапсила пет лица осомничени за нелегална трговија со оружје.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, сите петмина уапсени во акцијата насловена „Труда“, се државјани на Косово од албанска националност и се на возраст од 38 до 65 години.

По претресот по налог на надлежно Обвинителство на четири куќи во приштинскиот и една во митровичкиот регион, како материјални докази се запленети над 15 парчиња разно огнено оружје, 341 куршум, други видови оружје, неколку мобилни телефони, 6.400 евра и две возила.

По налог на јавен обвинител, на осомничените им е одреден притвор. иа/сп/17:32

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ