• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

ВМРО-ДПМНЕ: Вчера беа погребани европските вредности во Македонија

Скопје, 20 октомври 2018

Тоа што се случи вчера вечер во Собранието на Република Македонија беше срам каков што светот не видел. Зоран Заев и криминалниот картел на власт покажаа дека за нив ништо не значат демократските вредности и волјата на народот и дека оваа гарнитура на власт се архетип на корупција, уцени и закани.

Вчера беа погребани европските вредности во Македонија. Во страв да се соочи со почитување на волјата на народот СДСМ очајно посегнаа кон силување на институциите, државата и граѓаните, сведувајќи го Собранието на обичен пазар во кој достоинството на Македонија, нејзиниот идентитет и дигнитет го ставија на тезга како пиперки и домати. Заев докажа пред целата јавност дека нема никаков демократски капацитет и за тоа ќе биде казнет од сопствениот народ.

Македонскиот народ секогаш низ историјата знаел како соодветно да ги казни ваквите ситни трговци и лихвари кои за грст пари ја газеле неговата волја и да ги фрли на буништето на својата национална историја.

Македонија ќе победи, затоа што секогаш победува правдата и вистината.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ