• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

СДСМ: Осумдесет херои презедоа одговорност за иднината на Македонија, патот кон НАТО и ЕУ е расчистен, сите да се приклучат

Скопје, 20 октомври 

Собранието донесе историска одлука со која Македонија избра иднина наместо изолација. Патот кон НАТО и ЕУ е чист, а за тоа најголема заслуга имаат граѓаните, но и 80те пратеници во Собранието на Република Македонија кои низ демократска постапка им кажаа стоп на поделбите и ја поведоа Македонија кон национално обединување.

Мицкоски, Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ синоќа уште еднаш потврдија дека се антизападни и антимакедонски партиски фигури кои на Македонија и носат само зло, криминал и сиромаштија.

Граѓаните и огромното мнозинство во парламентот му свртеа грб на злото предводено од Мицкоски.

Македонија одбра да продолжи по патот на интеграција и сојузништво. 80 пратеници слободно и по сопствено убедување гласаа за иднина во ЕУ и НАТО.

Поразениот Мицкоски сега ќе мора да престане со притисоците и сеењето страв и ќе мора да ги тргне своите режимски раце од сите пратеници во Собранието. Сега се создадени услови за уште поголема поддршка во Собранието за патот кој Македонија го избра, а тоа е спроведување на договорот од Преспа и зачленување на Македонија во НАТО и ЕУ. Овој пат заслужува поддршка од сите пратеници во Собранието зашто подразбира економски просперитет, држава по европски правила и национално помирување помеѓу политичките фактори и помеѓу граѓаните.

Надлежните институции имаат обврска да ги заштитат пратениците од сите закани и притисоци кои ги прават Мицкоски и антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните го препознаат и поздравуваат овој историскиот чекор на 80те пратеници што обезбедува помирување и национално обединување околу врвните државни интереси.

Македонија се помирува, Македонија се обединува надпартиски и надетнички, 80 херои ја презедоа одговорноста за овој неповратен историски исчекор за иднината на земјата, време е сите да се приклучат.

Центар за комуникации со јавноста Социјалдемократски сојуз на Македонија

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ