• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

СДСМ: Иднината во НАТО е извесна, останува пратениците да го направат последниот чекор

Скопје, 19 октомври 2018

Македонија ги почнува преговорите со НАТО, пратениците да го обезбедат членството преку усвојување на уставните измени

Република Македонија ги започна пристапните преговори за членство во НАТО Алијансата.

Зборот е збор, од заробена држава  до пред две години, денес Македонија почнува процес за полноправно членство во НАТО, а одлучно чекори и кон ЕУ преку започнатиот процес на скрининг.

Успехот на реформскиот процес започнат од Владата предводена од СДСМ е препознаен од сите земји-членки на Алијансата како исполнување на потребните стандарди за целосна интеграција во НАТО.

Македонија влегува во процесот на преговори целосно подготвена да ги прифати и примени обврските од Договорот од Вашингтон, како основачки акт за НАТО, кој ги уредува принципите за членство во Алијансата и со целосна посветеност ќе зеде учество во политиките и структурите на НАТО.

Патот е отворен, а иднината во НАТО е извесна, Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО.

Сега, останува сите пратеници во Собранието да го направат последниот чекор и да го заокружат Договорот од Преспа, преку усвојување на уставните измени кои го зајакнуваат македонскиот идентитет и го отвораат патот за членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ.

Пратениците имаат одговорност пред граѓаните да ја следат мнозинската волја и да обезбедат европка иднина на Македонија.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.



 

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ