• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Арсовски: Со поништување на тендерот за авиолинии, државата може да остане без нискобуџетски летови

Арсовски: Со поништување на тендерот за авиолинии, државата може да остане без нискобуџетски летови

Скопје, 17 октомври 2018

Која ли ќе биде сега причината за пропаѓањето на тендерот со авио превозниците?

Развлекувањето на процедурата за јавниот повик за финансиска поддршка на авио компании од скопскиот и охридскиот аеродром е потенцијална опасност државата да остане без ниско буџетните летови.

Власта повторно удира по џебот на граѓаните.

„Виз ер“ веќе еднаш укина неколку евтини летови, како последица на немање на договор со Владата на Република Македонија. Ние предупредивме дека доколку ситуацијата продолжи можно е целиот процес да пропадне, а граѓаните да останат без евтините летови, но на функционерите на СДСМ воопшто не им е гајле бидејќи имаат државни пари за да се расфрлаат и да летаат со луксузни аранжмани.

На Заев и Сугаревски не им беше гајле за нашите граѓани, кои преку овие летови можеа поевтино да стигнат до светските метрополи, но и да ги посетат, своите роднини и пријатели во странство.

Импровизацијата на власта може да ги чини граѓаните премногу пари. СДСМ не смее да си поигрува со мерката за евтини авио летови, проект на ВМРО-ДПМНЕ кој драстично ја зголеми фреквенцијата на патници на нашите аеродроми во Македонија.

Во време на ВМРО-ДПМНЕ бројот на линиите константно се зголемуваше и се отвораа нови линии, а бројот на патници од скопскиот аеродром достигна милион. На тоа поле СДСМ нема никаков успех, туку и позитивниот тренд кој е резултат на проектите на ВМРО-ДПМНЕ е на пат да го уништи.

СДСМ треба да прекине да си игра со стратешки работи и ако не знае како треба да работи во интерес на граѓаните уште веднаш да си дадат оставка и да си заминат од власт. Владата треба да одговори, дали развлекувањето на процедурата има за цел да се изврши притисок врз авиопревозникот кој годишно превезува над 1 милион патници и дали со ваквото развлекување можеби се мести тендерот да го добие друга компанија по мерка на власта?

Неспособноста да се организира непречено функционирање на проектот евтини летови е само уште еден доказ дека оваа власт не знае да работи, ниту пак има на план да работи во корист на граѓаните.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ