• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Подготвителен состанок на Националниот инвестициски комитет

Подготвителен состанок на Националниот инвестициски комитет

Скопје, 17 октомври 2018 (МИА) - Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во улога на координатор на странска помош во Македонија, денеска претседаваше со подготвителниот состанок на Националниот инвестициски комитет, на кој беа разгледани приоритетните листи на инвестициски проекти за финансирање од големите донатори.

На состанокот беа презентаирани секторски листи на проекти за транспорт, енергетика како приоритетни во рамки на Агендата за поврзување или т.н. Конективити агенда, но исто така и листите за животна средина социјала и новиот сектор за дигитално поврзување.

- Имаме исклучителен успех при обезбедувањето средства во рамки на Конективити агендата, за што голем број проекти се веќе во активна фаза, но мора да се фокусираме и на останатите, и до 30 ноември да ја подготвиме приоритетната листа која ќе ја претставиме пред донаторите и меѓународните финансиски институции, истакна Османи на почетокот од средбата, отворајќи ја дискусијата за надлежните ресори кои ги претставуваа приоритетните проекти кои се во нивни надлежности.

Османи донации 2

Османи посочи на секторите енергетика, транспорт и животна средина како клучни области во агендата Конективити, кои заедно со областа на социјалата засега бројат околу 100 проекти на приоритетната листа.  Меѓу проектите кои се наоѓаат на листата се реконструкција на патниот правец Крива Паланка – Деве Баир, проектот за подготовка на автопатското решение во делот Кичево – Гостивар, автопатот Скопје – Блаци...

Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан официјално беше отворен во 2009 година, како заедничка иницијатива на Европската комисија, Советот на Европската развојна банка, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка  и подоцна приклучените Светска банка и Германската развојна банка, одобрена од Европскиот совет.

Република Македонија преку овој инструмент досега има обезбедено грантови во вкупен износ од над 112 милиони евра за развојни проекти, а во иднина се очекува преку него да се зголеми приливот на донации. хс/са/13:58

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ