• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Заев: Целта на спогодбата е да најдеме решение, да се закопаат секирите, да се помириме

Заев: Целта на спогодбата е да најдеме решение, да се закопаат секирите, да се помириме

Скопје, 16 октомври 2018 (МИА) - Целта на спогодбата е да најдеме решение, да ги закопаме секирите, да се помириме, и да најдеме простор за иднината, за соработката. Да гледаме напред, идејата е навистина да направиме разграничување и оттука целата оваа спогодба на претендира некому нешто да земе. Идентитетот никој не може некому да му го земе. Не постои таков документ, договор спогодба, закон, устав или слично. Тоа е чувство, нагласи денеска од собраниската говорница премиерот Зоран Заев.

Баравме, истакна Заев, тоа од нивна страна да биде потврдено и затоа провејува некаде Македонци, македонски јазик, за да нема дилема кои сме, да бидеме признаени и во иднина кога ЕУ во извештаите ќе се обраќа кон нашиот народ, ќе се обрати до македонскиот народ, на накедонски јазик, а не со вашиот народ и со вашиот јазик, плашејќи се, посочи,  да не биде блокирано од грчки претставници. Пријателство да изградиме, подвлече, Заев тоа е суштината. 

Ве уверувам, истакна Заев, дека сето тоа што беше напредок во разговорите беше споделено со опозицијата. Доказ, посочи, е не успешниот обид за Илинденска Македонија, со сите детали, што е добиено во идентитетот, во јазикот, како се растолкувани одредени работи. Потсети дека Договорот беше веднаш објавен, по симнувањето на клаузулата за класифицирани информации. Споделивме се што можевме да споделиме, рече Заев и додаде оти имавме различности во одредеди ставови. Веројатно и никогаш никој не очекува да бидеме со исти ставови со опозицијата.

- Македонија и македонски во членот 7 од Договорот дефинираат што е Македонија на нашата територија и дека немаме претензии, дека ниту ќе го освојуваме, ниту припојуваме, северниот дел на регионот на Грција што го викаат Македонија со нашата Македонија. Правиме разграничување со тоа. Истовремено Грците немаат проблем со македонски на нашата територија, за македонски јунак, македонски буквар, за македонски град, книга, град, нација, било што македонско. Тука е филозофијата за разграничуцвање, немавме намера да навлегуваме во научни, историски или културолошки работи. Во Грција нема проблем со Стоби. Стоби е на наша територија и тоа е дел од нашата историја, појасни Заев..

Пратеничката Никица Корубин од ЛДП на денешната собраниска седница се изјасни дека ќе ги поддржи уставните измените и нагласи меѓу другото оти е потребно без емоции со разум да се пристапи кон процесот како обврска за иднината која не смее да се испушти.  

Со реплика за обраќањето на Корубин излегоа пратениците Димитар Стевананџија и Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Ставананџија праша што таа подразбира под терминот неписмени граѓани. Дали се 660 илјади кои излегоа да гласат или оние милион и 200 илјади кои се одлучиле да не гласаат. Сите оние, одговори Корубин, кои манипулираат со вистината и порача дека не е дозволиво политиката да се користи  на најбрутален начин. Според Ѓорчев во последните 50 години немало помалку проекти во културата од сега, а работниците во културата во РМ не биле под ваков удар. Во контрарепликата Корубин истакна дека затоа и е потребнаа промена и да се изгласаат уставните промени, за да влеземе, рече, во нормално општество.

Пратеничката Магдалена Манаскова од ВМРО - ДПМНЕ се осврна на одредени аспекти од целиот процес и коментираше дел од Договорот. Се согласувам, рече, дека е време за национално обединување, но не се согласувам со тоа со тоа зошто сега се одлучува дека е ова надпартиско прашање. Зошто, праша, не се реши уште пред преговорите кои се водени дури и од претходните влади, пример откако се дојде доп некој драфт договор и да се вклучат пратеници од позицијата и опозицијата и јавноста, како и стручната и научна јавност затоа што договорот опфаќа многу чувствителни прашања. цр/сд/13:29

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ