• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Заев: Отворен сум за дијалог, не ми паѓа на памет да влијаам врз институции и судови

Заев: Отворен сум за дијалог, не ми паѓа на памет да влијаам врз институции и судови

Скопје, 16 октомври 2018 (МИА) - Секогаш сум бил за дијалог и изнаоѓање на решенија преку разговор. Премногу има поделби во Македонија и сите знаеме дека треба да си простиме. Апсолутно не ми паѓа на памет да влијаам врз институции или судовите, порача денеска од собраниската говорница премиерот Зоран Заев. 

Одговарајќи му на пратеникот Крсто Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ кој предложи лидерите на двете најголеми македонски партии да седнат на маса и да донесат решение за иднината на државата, Заев појасни дека името на државата не се менува, туку само се дополнува.

- Граѓаните на парламентарни избори го предаваат својот легитимитет на пратенциите за тие да носат одлуки. За прашањето за името и договорот од Грција одлучивме да го вратиме легитимитетот и да го прашавме нашиот народ. Граѓаните што одлучија, излегоа на референдум, а оние кои не сакаа да одлучат, останаа дома. Македонија мора понатаму да донесе одлука, рече Заев. 

Пратеникот Јовановски се изјасни дека ќе гласа против измени на Уставот бидејќи како што посочи меѓу другото не верува во она што е напишано во спогодбата од Преспа, а и на референдумот не бил исполнет еден од условите. 

- Немојте г. Заев сите овие пратеници да ги туркате да притиснат копче за кое не дале заклетва, му рече Јовановски на премиерот Заев. 

Во текот на денешната расправа, пратеникот Сурија Рашити од Алијанса за Албанците рече дека како партија ќе ја поддржат интеграцијата на Македонија во НАТО, но оти нема да се откажат и од тоа албанскиот народ да биде рамноправен. бак/сд/12:46

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ