• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Османи: Македонија станува топ бизнис-дестинација за европските компании

Османи: Македонија станува топ бизнис-дестинација за европските компании

Скопје, 16 октомври 2018 (МИА)Македонија и Шведска имаат исклучително позитивни и пријателски политички односи, што претставува широк потенцијал за соработка и на двете економии. Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со Карл Јохан Хедберг и Един Чолак, претставници на „Бизнис Шведска“, чија улога е да ги истражат и промовираат бизнис-потенцијалите за шведските компании. 

Османи на средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, посочил на активностите на шведската држава, како во напредокот на европските и евроатлантските интеграции на земјата, така и на директната билатерална помош што Шведска ја обезбедува за Македонија. 

- Македонија се наоѓа на почеток од последната фаза за полноправно членство во Европската Унија - објаснувачкиот скрининг пред почетокот на преговорите, што значи и целосна синхронизација на нашата економија и општество со она на Унијата, нагласил Османи. 

Според него, следниот период е најдобра бизнис-можност за директни странски инвестиции, со оглед на политичкиот, институционалниот и општествениот напредок што државата го очекува. 

„Бизнис Шведска“ (Business Sweden) претставува партнерска институција на Владата и шведскиот бизнис-сектор, чија улога е да обезбеди потенцијал за економска и бизнис-размена на шведската економија, да ги утврди и промовира бизнис и економските можности за соработка и да обезбеди пристап на шведските компаниите до странските пазари и можности за инвестирање. мд/са/11:52

###

 

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ