• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Собранието втор ден расправа за предлогот за уставни измени

Собранието втор ден расправа за предлогот за уставни измени

Скопје, 16 октомври 2018 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ја продолжи расправата по Предлогот за пристапување кон уставните измени.

На денешното второ продолжение, пратеничката Снежана Калеска-Ванчева од СДСМ се изјасни дека ќе гласа „за“ бидејќи според неа со донесувањето на ваквата одлука се отвара патот кон НАТО и ЕУ, патот кон стабилноста и просперитетот, патот кон којшто се стремат идните генерации.   

Во текот на вчерашниот ден власта и опозицијата останаа на своите спротиставени ставови. 

Парламентарното мнозинство повика на одговорност и заедништво и посочи дека подобар договор од овој не може да има и доколку тој се отфрли, тогаш на државата и се заканува изолација. Опозицијата, пак, посочи дека Договорот од Преспа е штетен, противуставен и политички мртов.

На почетокот на седницата премиерот Зоран Заев ги повика на помирување за 27 април и ги повика пратениците да гласаат за уставните измени. бак/са/11:39

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ