• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Владата ќе расправа за пренамена на средства за проекти за наводнување

Владата ќе расправа за пренамена на средства за проекти за наводнување

Скопје, 16 октомври 2018 (МИА) - Владата на Република Македонија денеска на седница ќе расправа за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори во проекти за наводнување. 

На дневен ред на 95. владина седница е и информацијата за формирање на работна група за Национален акциски план за енергија и клима, а министрите ќе треба да се изјаснат и за потребата од итна санација на армирано-бетонскиот мост на пругата Велес – Гевгелија.

Владата ќе се произнесе и по информацијата за обезбедување деловен простор за проектот за отворање на Инфо-центар за евроатлантски интеграции, а ќе расправа и за информацијата за анализа за алтернативна локација за изградба на нов Универитетски клинички центар во Скопје и формирањето на работна група за вршење на анализата.  

На денешната седница меѓу другите точки е и информацијата за усвојување на меѓународната Повелба за отворени податоци, а претставници на Археолошкиот музеј на Македонија ќе информираат за реализацијата на меѓународната изложба „100 години Требениште“. бак/са/10:06

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ